ТРАМП ВЕТИ ДЕКА НЕМА ДА ГРАДИ ОБЛАКОДЕРИ АКО ГО КУПИ ГРЕНЛАНД

Вашингтон, (Гардијан)

Доналд Трамп и натаму има желба да го купи Гренланд, но и доколку успее во тоа, тој вели дека на островот нема да изгради една од своите кули.

„Ветувам дека нема да го направам ова на Гренланд“, напиша Трамп на Твитер под фотографијата на којашто монтираше златен облакодер среде препознатливите шарени куќарки на Гренланд.

(Фото: Твитер)

Ова уследи само ден откако Трамп ги потврди медиумските информации дека сакал да ја купи автономната данска територија, иако бил свесен дека таква зделка е невозможно да се изведе.

„Стратешки, ова е интересна идеја и ние би биле заинтересирани“, кажа Трамп.

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека каква било дискусија околу продажбата е апсурдна.

„Гренланд не е на продажба. Гренланд не е дански, тој му припаѓа на Гренланд. Искрено се надевам дека тоа не беше кажано сериозно“, изјави Фредериксен.

Трамп треба да ја посети Данска во декември, во рамките на својата европска турнеја.