БРОЈОТ НА ПИВАРИ ВО ГЕРМАНИЈА РАСТЕ ПОВЕЌЕ ОД КОГА БИЛО, ИАКО СЕ ПИЕ ПОМАЛКУ ПИВО

Берлин, (ДПА)

Најновата статистика на Германската пиварска асоцијација (ДББ) покажа значително зголемување на бројот на пивари во земјата, а со тоа и на изборот на пивата. Минатата година, се појавиле 82 нови приватни пивари, колку што вкупно биле отворени во претходните осум години.

Во Германија сега има 1.492 пивари, повеќе од кога било откако земјата се обедини во 1990 година и се очекува нивниот број да надмине 1.500 до крајот на март. Најмногу пивари има во Баварија – 642, па следува Баден-Виртемберг со 204.

„Пазарот на пивото во Германија расте сѐ повеќе, а и изборот е сѐ поразновиден“, кажа Холгер Ајхеле, директорот на ДББ.

Растот на бројот на пивари се должи на зголемената популарност на пивата произведени во минипиварите (крафт), но и покрај сето ова, лани во Германија, всушност, е забележана намалена потрошувачка на пиво. Во 2017 биле продадени два милиони хектолитри пиво помалку отколку во 2016, а и извозот се намалил.