ДАРКО ПОПОВ ИМА ФОТОИЗЛОЖБА ВО АВТОБУС БРОЈ 7 НА ЈСП

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска, во автобус на ЈСП со бројот 7 ќе биде поставена изложбата на фотографии на Дарко Попов насловена „Фото момент“.

Попов повеќе од 15 години се занимава со фотографија како професионален фоторепортер на информативната агенција МИА.

„Објективот на ‘Фото момент’ прикажува замрзната сегашност на уникатните мигови од секојдневието. Целта на сместувањето на изложбата во простор кој се движи е на урбан и спонтан начин да овозможи уметност која ќе допре до граѓаните кога тие најмалку се подготвени за неа“, стои во најавата на изложбата.

Изложбата е дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2020.