ВОЗ ПАРКИРАН НА МОСТ ВО ЈУЖНА АФРИКА СЕ ПРЕТВОРА ВО ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ

Јоханесбург, (Си-Ен-Ен)

Нов луксузен хотел во Јужна Африка ќе им овозможи на гостите да спијат во воз паркиран на мост.

„Кругер шалати“ делумно се наоѓа на историскиот мост Селати, кој поминува преку реката Сејби во националниот парк Кругер. Реновираниот воз ќе содржи 24 соби во своите вагони, постојано паркирани на пругата што веќе не се користи.

Изградбата на хотелот беше во застој поради пандемијата на коронавирусот, но се очекува тој да биде пуштен во функција во декември оваа година. Собите ќе имаат стаклени ѕидови со поглед на реката и се декорираат во соработка со локални уметници. На мостот, како дел од хотелот, ќе има базен.

„Кругер шалати“ му оддава почит на националниот парк, кој пред речиси 100 години се отвори за посетители и е познат по тоа што низ него слободно се движат лавови, леопарди, носорози, слонови и африкански бафала. Ноќевање ќе чини 520 долари за едно лице, со вклучени оброци и пијалаци.