Со еден долгометражен детско младински филм и четири кратки, денес (23 ноември) ќе се одржи настанот „Велес на филм“ кој го реализираат Европската куќа и Здружението „Арт генератор““. Првата проекција е во 17 часот на хрватскиот долгометражен филм „Дневникот на Паулина П.“ кој бил најгледан лани во хрватските кина. Од 19 часот ќе се прикажат четири кратки филмови: грчкиот „Мирни вод“’, македонскиот „Баг“ на Филип Момировски, хрватскиот „Екипата“ и полскиот „Трамвај“. Влезот е слободен, а ќе се прикажат во Европската куќа во Велес.
„Преку овој настан, сакаме да ја поттикнеме филмската култура и креативноста во нашата локална заедница. Со проекции на внимателно избрани европски филмови, целиме да ја споделиме магијата на филмот со публика од сите возрасти, отворајќи врати кон нови перспективи кои инспирираат и зближуваат“ – велат организаторите од „Арт генератор“ здружение кое го организира Фестивалот на џез, ворлд и современа музика.
П. ПЕЧКОВ