„ДЕНОВИ НА ВЕСПА ВО СКОПЈЕ” ЗА ПРОМОЦИЈА НА КУЛТУРА НА ВОЗЕЊЕ И БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

Скопје, (Смарт СДК)

Во Скопје се одржа „1st Skopje Vespa Days”, настан преку кој организаторите сакаат да понудат едно поинакво доживување во градот Скопје, да го промовираат во вистинско светло пред гостите од другите држави и преку дружба да покажат дека луѓето кои се вљубеници во Веспа се дел од едно поголемо, глобално семејство, кое ги обединува една иста мисла – љубовта кон Веспа моторите и спојот на безбедноста и стилот.

Со дефилето, учесниците на овој настан промовираа култура на возење и безбедност во сообракајот што е од висока важност за нашата заедница.

Макпетрол АД Скопје како водечка компанија во областа на малопродажба на нафтени деривати во Македонија оваа година го поддржа Здружението Веспа клуб Скопје со донација на ваучери за гориво во вредност од 300 денари за сите учесници на „1st Skopje Vespa Days“.