Американскиот град Денвер ќе одржи референдум со кој може да се легализира употребата на магични печурки. Ако биде успешен, граѓаните веќе нема да бидат казнувани за лична употреба и поседување на оваа дрога.
Магичните печурки ја содржат психоделичната состојка псилоцибин, кој, според постојните федерални закони, е изедначен со останатите забранети дроги, како хероин и ЛСД. Според федералните власти, псилоцибинот има потенцијал за високо ниво на злоупотреба и нема прифатлива медицинска вредност.
Денвер ја декриминализираше марихуаната уште во 2005 година и ова ќе биде прв референдум во САД кој се однесува на магичните печурки.