Манифестацијата „Цртање на асфалт“ ќе се одржи на 23 мај од 10 часот во Детскиот културен центар „Карпош“ во Скопје. Оваа година, мотото ќе биде „Ја учам азбуката, моите први букви“.
Настанот се одржува во чест на 24 Мај – Денот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј, а учествуваат предшколските установи од Скопје.