ДЕТСКАТА ИНКЛУЗИВНА ПРЕТСТАВА „ЅУНИЦА“ НА 23 НОЕМВРИ ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Утре (23 ноември) во Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ) од 19 часот ќе се одигра детската инклузивна претстава „Ѕуница“, во режија на Роберт Ристов. Играат децата од Дневниот центар и нивните другари.
Претставата е направена според сликовницата „Ѕуница“ од Бранислав Николов и Иванка НиБа, која беше промовирана на Саемот на книга годинава.
Драматург на претставата е Дарко Спасов. Претставата на знаковен јазик ќе ја преведува Соња Кимова-Делевска. Влезот е со цена од 100 денари.