ДЕВЕТМИНА МАКЕДОНСКИ АВТОРИ СЕ ОБЕДИНИЈА ВО ЗБИРКАТА АФОРИЗМИ „НИЗ СИТО И РЕШЕТО“

Велес, (СМАРТ СДКК.МК)

Во Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес е промовирана книгата афоризми „Низ сито и решето“, во која деветмина автори од Македонија објавуваат дел од нивното творештво. Промотор беше Иван Котев од Струмица.

„Богатството на книгата е токму тоа што деветмина автори заеднички ги пренесуваат нивните афоризми. Нивниот дух е во една книга, што е реткост и од исклучителна вредност. Тие ги надградуваат народните мудрости и поговорки“, кажа Котев.

Во збирката се собрани афоризми од Атанас Крлевски, Ацо Ѓорѓиев, Драганчо Тасевски-Изворски, Елеонора Николовска, Јане Атансов, Ленче Стоименова, Миле Ѓорѓијоски, Ристе Филчевски и Ружа Стојмилова.

На промоцијата се одбележа и 45-годишнината од творештвото на велешкиот афористичар Атанас Крлевски, кој има издадено девет книги со афоризми.

П. ПЕЧКОВ