ДОАЃА ГОДИНАТА НА СВИЊАТА – ПОЧНА НАЈГОЛЕМАТА МИГРАЦИЈА НА ЛУЃЕ НА СВЕТОТ

Пекинг, (Гардијан)

Милиони Кинези ја почнаа најголемата годишна миграција на луѓе на светот, со цел на време да стигнат дома за пречекот на Кинеската нова година, која настапува утре. Тие ги напуштаат големите градови и се враќаат во свои родни места за празникот, за кој акцентот се става токму на семејното обединување.

(Фото: Ројтерс)

На патиштата и особено на железничките станици овие денови се случува вистински егзодус на луѓе, кои вечер сакаат да бидат дома.

Кинеската нова година се прославува повеќе од илјада години и свеченостите траат 15 дена. 2019 ќе биде година на свињата, со што се заокружува еден 12-годишен циклус.

(Фото: Ројтерс)