Доли Партон промовираше нова линија за убавина, која вклучува четири нијанси на кармини во обвивки обложени со кристал, претставени во нејзината колекција „Рајски бакнеж“ (Heaven’s Kiss).
„Сакав да бидам убава цел живот како повеќето девојки, особено селските девојки кои сонуваат за гламур“, рече кантри пејачката.
„Почнав да правам шминка дома кога бев дете, и со години сум позната по тоа што премногу се шминкам“, додаде Партон. Линијата за шминка на пејачката се очекува да биде профитабилен потфат, и се предвидуваа дека ќе заработи 20 милиони долари од продажбата во првата година.
За колекцијата, Партон рече дека има „разновидност на бои“.
„Сакам да мислат на мене кога ги користат“, додаде таа. Кармините ќе се нарачуваат онлајн преку нејзината веб-страница, наспроти нејзината линија на парфеми, која е достапна во продавниците.
Во 2022, основачот на „Амазон“ Џеф Безос ѝ додели награда од 100 милиони долари на кантри ѕвездата и филантроп.
„Партон е жена која дава од срце и се води од љубов и сочувство во сите аспекти од својата работа. Едвај чекаме да ги видиме сите добри работи што ќе ги направите со наградата од 100 милиони долари“, изјави партнерката на Безос, Лорен Санчез.