Мандолинскиот оркестар од Скопје ќе го одржи својот годишен концерт во вторник (14 ноември) во Музејот на македонската борба од 20 часот. Настанот е наречен еко-концерт, а на влезот, место билет, публиката треба да покаже истрошен отпад.
„Сакаме да ни стане традиција на годишните концерти да ја подигаме еко-свеста и затоа на овој концерт, кој е инаку бесплатен, ќе има друг вид на билети. Секој има истрошена батерија дома или, пак, ситен електронски уред кој не е за употреба и е за фрлање. Ги охрабруваме сите од публиката да донесат истрошен отпад, но ситен, кој потоа ќе го подигнат нашите соработници од ‘Нула отпад‘“, ни изјави диригентот на Мандолинскиот оркестар, Ерхан Шукри.

Оркестарот годинава одбележува 22 години постоењет, а на концертот ќе се свират дела од Вивалди, Огински, Зимер и Мандонико. Шукри вели дека оркестарот ќе се засили со нови, млади членови, кои ќе се подготвуваат за настапи на европски фестивали.
М. ЏАРОВСКА