„ДОНИРАЈ УМЕТНОСТ“ – СОЛИДАРНОСТА НА МАКЕДОНСКИТЕ УМЕТНИЦИ НА ДЕЛО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонските уметници покажаа голема солидарност на дело, донирајќи 70-ина оригинални дела за настраданите во јунските катастрофални пожари во околината на Атина, кога загинаа повеќе од 90 луѓе.

Тие од вчера се собрани на едно место во Изложбениот салон на Културно-уметничкиот центар во Скопје и така ќе биде додека не се создадат услови за нивно испраќање и изложување во Атина.

Дел од уметниците кои придонесоа за колекцијата (Фото: Г. Конев)

Идејата потекна од графичкиот дизајнер и активист Зоран Кардула, од пост на Фејсбук, кој беше своевидна критика на недоличните реакции на дел од македонската јавност за пожарите.

За да се покаже дека сме подобри од тоа, спонтано се роди иницијативата „Донирај уметност“, во којашто придонесоа десетици македонски уметници со фотографија, разни сликарски техники, дигитална уметност, скулптура, таписерија…, за да се создаде една уникатна колекција.

„Задоволен сум од одѕивот и се радувам што толку многу уметници од срце донираа свое дело и покажаа солидарност“, вели Кардула.

Г. КОНЕВ