Скопскиот Драмски театар со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ ќе гостува во Београдско драмско позориште на 5 декември во рамките на фестивалот РУТА.
Претставата е авторска адаптација на Сајмон Стивенс, направена според мотиви од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, асистент на режија е Димче Николовски-Димсата, а драматург е Александра Бошковска. Костимите во претставата се на Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата е на Константин Трпеноски. Авторската музика е на Давид Ангеловски, а кореографијата и фри ранинг техниката се на Симон Симоновски.
Играат Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева-Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Лазар Христов, Златко Митрески и Нела Павловска.
„Чудна случка со кучето во ноќта“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата во 2021 и гостувањето во Белград ќе биде нејзината 34. изведба.