ДРАМСКОТО СТУДИО „СЛОВОТО“ ОД ВЕЛЕС НАСТАПИ НА ФЕСТИВАЛ НА САРДИНИЈА

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Драмското студио „Словото” од Велес имаше настап на Интернационалниот фестивал за експериментален театар во Сасари, Сардинија. Студиото, со кое работи актерката Весна Бобевска, настапи со претставата „Така било пишано“. Годинава, фестивалот беше под мотото „Истражувачки остров“ на тема невербален театар.

„Децата првпат се соочија со пантомимата и научија некои нејзини елементи. Им предаваше професорот Александар Илиев од Бугарија, кој учел пантомима кај Марсел Марсо и  Жан Луј Баро. Темата на нашата претстава беше судбината, а имаше и филозофски дел. Имаше и сцена од ‘Пиреј’ на Петре М. Андреевски“, кажа Бобевска.

Во претставата играат Ангел Блажевски, Теодора Панова, Изабела Димкова и Ангела Блажевска.

П. ПЕЧКОВ