„НЕ СУМ ТВОЈ СОН“, НОВИ ПЕСНА И СПОТ НА ДИНА ЈАШАРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Пејачката Дина Јашари ја промовираше својата нова песна „Не сум твој сон”. Автор на музиката и текстот е таа, а аранжманот го направи заедно со Драги Иванов, кој исто така стои зад миксот.

За „Не сум твој сон“ е снимен и спот, кој го режираше Александра Костадиновска, а го снимаше Дарко Митев. Главната улога во спотот, покрај Јашари, ја игра Лука Тошев, кој е член на бендот што ја придружува на сите настапи во живо.

Јашари трета година по ред беше на доделувањето на регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“. Годинава, оваа манифестација се одржа во Макарска, Хрватска. Лани во Белград, Јашари ја доби наградата за песната „Дома“.

„Веќе трета година по ред, 21 септември го поминувам на доделувањето на наградата ‘Милан Младеновиќ‘, на денот на неговиот роденден. Првата година бев номинирана за песната ‘Бои‘, втората за ‘Дома‘. Без да очекувам, ја земав и ја донесов наградата дома“, ни изјави Јашари пред два месеца.

(Фото: А. КОСТАДИНОВСКА)