„ДУПЕР“ СЕ ВРАТИ ПО ТРИ ГОДИНИ СО НОВА ПЕСНА, „КАЖИ МИ ВО ЛИЦЕ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дуото „Дупер“ ја објави новата песна „Кажи ми во лице“. Музиката и текстот ги напишаа членовите на дуото Борис Какуринов и Илчо Нечовски. Аранжманот е на Какуринов, а миксот и мастерингот ги направи Ангел Ќосев од студио „Подрумот“.

„Спотот, кој го режираше Јордан Ѓорески, е снимен во пријатна домашна атмосфера која ја отсликува приказната во песната“, велат членовите на бендот.

„Дупер“ се проби на музичката сцена со песните „Не сум твој тип“, „Ние сме 2“, „Тело за на ТВ“ и „Пробај да ми бидеш“ и стана популарен поради оригиналноста во текстовите. Деби албумот „Хипер“ го објави во 2021.