ДВАЈЦА СКОПЈАНИ ПОЧИНАА ОД КОВИД-19, НАЈМЛАДА И НАЈВОЗРАСНА ЖРТВА ДОСЕГА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Уште две лица починаа од КОВИД-19 во Македонија, а листата градови во кои што е регистриран случај на коронавирус денеска е дополнета со Струмица и Гевгелија.

  • Министерството за здравство објави дека починале 31-годишник и 91-годишник, и двајцата од Скопје, кои се најмладата и највозрасната жртва на коронавирусот во земјата досега.
  • Министерот Венко Филипче изјави дека ризичниот фактор кај 31-годишниот пациент била обезноста и дека негова клиничка слика била исклучително тешка.
  • Коронавирусот досега однесе шест животи во Македонија.
  • Во последните 24 часа има 18 новозаразени, вклучувајќи ги првите потврдени случаи во Струмица и Гевгелија, со што листата сега брои 14 градови.
  • Најголем еднодневен пораст има во Штип – шестмина заразени.
  • Вкупната бројка заразени досега изнесува 259, од кои шестмина починати и тројца излекувани.
  • „Двајца пациенти имаат негативни тестови и се очекува деновиве на домашно лекување да бидат пуштени седум лица“, рече Филипче.
  • На светско ниво сега има повеќе од 700.000 заразени и над 33.000 починати.