ЕДНА ГОДИНА ОД ЛАНСИРАЊЕТО, ТЕЛЕСКОПОТ „ЏЕЈМС ВЕБ“ ГИ ОПРАВДУВА ГОЛЕМИТЕ ОЧЕКУВАЊА

Лондон, (Би-Би-Си)

Тоа беше подарок за светот од 10 милијарди долари, машина која треба да го покаже нашето место во универзумот. Вселенскиот инфрацрвен телескоп „Џејмс Веб“ беше лансиран пред точно една година, по три децении планирање, дизајнирање и изградба.

Маглината Кобилица

„Џејмс Веб“ ги оправда големите очекувања и е сè она што ни кажуваа дека ќе биде. Во јули беа објавени првите фотографии во боја, а потоа следеа и други, сите еднакво магични и фасцинантни.

Маглината Орион

Меѓу глетките кои „Џејмс Веб“ ни ги долови се маглината Кобилица, оддалечена 15 светлосни години од Земјата, галаксијата Тркало, чиј дијаметар изнесува 145.000 светлосни години и еден од најпознатите региони на небото, маглината Орион.

Галаксијата Фантом е оддалечена 32 милиони светлосни години од Земјата
Галаксијата Тркало
Снимка која прикажува ѕвезда која дошла до крајот на своето постоење