ЕУ ЈА ПОДДРЖА ЗАБРАНАТА ЗА ПРОДАЖБА НА НОВИ БЕНЗИНСКИ И ДИЗЕЛСКИ АВТОМОБИЛИ ОД 2035

Брисел, (АП)
FILE PHOTO: A woman holds a cable to charge a Renault Kangoo ZE electric utility vehicle at a Renault dealership in Cagnes-Sur-Mer, France, October 22, 2020. REUTERS/Eric Gaillard/File Photo

Европскиот парламент ја поддржа предложената забрана за продажба на нови автомобили со внатрешно согорување од 2035 година, во обид да ја засили борбата против климатските промени преку побрзиот развој на електрични возила.

До средината на следната деценија, автопроизводителите ќе мора да ја намалат емисијата на јаглероден диоксид за 100%, а во 27-те земји-членки ќе бидат забранети нови бензински и дизелски автомобили.

Целта на новиот закон е и вкупните емисии на јаглеродниот диоксид од автомобилите да се намалат за 55% до 2030 година. Со ова е ставен дополнителен притисок врз автоиндустријата, која претходно беше обврзана да ги намали емисиите за 37,5% до крајот на деценијата.

На автомобилите отпаѓаат 12% од емисиите на стакленичките гасови во ЕУ, каде што 10% од жителите возат електричен автомобил. Се предвидува дека оваа бројка ќе биде тројно поголема до 2028.