ФАНОВИТЕ СЕ ВРАЌААТ НА СТАДИОНИТЕ ВО ЛОНДОН И ЛИВЕРПУЛ, НО НЕ И ВО МАНЧЕСТЕР

Лондон, (Гардијан)

Половина од клубовите во англиската Премиерлига повторно ќе смеат да играат пред гледачи кога следната недела ќе завршат строгите рестриктивни мерки во земјата, што ги вклучува и оние од Ливерпул и Лондон. Откако владата денеска ги објави новите мерки за Англија, десет премиерлигашки клубови останаа во најтешката, трета категорија.

На тој начин, трибините ќе останат целосно празни на стадионите на Астон вила, Барнли, Лидс, Лестер, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Њукасл, Шефилд, Вест Бромвич и Вулверхемптон. Истовремено, најмногу 2.000 фанови ќе може да ги гледаат домашните мечеви на Арсенал, Брајтон, Челзи, Кристал палас, Евертон, Фулам, Ливерпул, Саутемптон, Тотенхем и Вест Хем.

Арсенал ќе биде првиот клуб кој ќе заигра пред гледачи оваа сезона, кога ќе го пречека Рапид во Лига Европа следниот четврток.