Во Велес се одржува Фестивал на улична храна, кој ќе понуди и музичка и филмска програма. Феситивалот трае до утре (23 август), а се одржува во Младински парк.
Од 18 часот до полноќ посетителите ќе можат да пробаат храна на повеќе штандови, а секоја вечер ќе има и музичка програма со диџеи.
Паралелно со фестивалот, во Младински парк три вечери ќе има бесплатно кино на отворено. Проекциите почнуваат во 20 часот, а сите филмови се синхронизирани на македонски јазик.
Вечерва (сабота) ќе се прикажува „Клинци каубојци“, а в недела „Хокус покус, Диплодокус“.
Пред филмските проекции, младите ќе можат да играат видеоигри. Настаните се дел од манифестацијата Велешко лето.
П. ПЕЧКОВ