ФЕСТИВАЛОТ НА ЈАПОНСКА КУЛТУРА НИХОН-ЏИ ЌЕ ГО ИМА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА 27 МАЈ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Второто издание на Фестивалот на јапонска култура Нихон-Џи ќе се одржи на 27 мај во Националната галерија Мала станица во Скопје. Насловено „Неонски бранови“, публиката ќе има можност да проследи презентации и работилници поврзани со традиционална и поп култура и панели на општествени и филозофски теми и технологија.

Во рамките на гејминг делот ќе се одржат два турнира и ќе има катче за друштвени игри. Ќе се чита хаику поезија од македонски поети, ќе бидат презентирани модни креации на домашни дизајнери и студенти инспирирани од јапонската мода и ќе се дегустираат јапонски храна и пијалаци.