Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ по 11. пат ќе се одржи во Општина Аеродром од 10 до 14 септември во паркот Авионче. Настанот ќе се отвори со стендап настап на Антонио Ташковски и Никола Тодоровски.
На 11.септември ќе настапи „Импров група“ со актерите Наталија Теодосиева, Тони Денковски, Григор Јовановски и Дамјан Цветановски, чиј водител ќе биде Борјан Стојков. На 12 септември ќе настапат комичарите Мирослав Петковиќ, Чедомир Митевски, Марио Поповиќ и Мишо Димитриевски од „Кабаре кабает“.
На 13 септември стендап настап ќе имаат Бојан Велевски и Бојан Кирковски, а на 14 септември фестивалот ќе го затворат Мишо Бабиќ од Србија и Марјан Ѓорѓиевски (фото).
Настапите започнуваат во 20 часот, а влезот е бесплатен.