ФЕСТИВАЛОТ РУТА ВО СКОПЈЕ СЕ ЗАТВОРА СО СЛОВЕНЕЧКО-СРПСКАТА ПРЕТСТАВА „ИДНИНА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со вечерашната изведба на претставата „Иднина“ од 20 часот се затвора третото издание на регионалниот театарски фестивал РУТА во Скопје. Ќе се игра на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар.

Иднина“ на младиот словенечки режисер Жига Дивјак е копродукција на Местно гледалишче Љубљана и Београдско драмско позориште. Улогите ги толкуваат актери од двата ансамбла: Бернарда Оман, Грегор Груден, Лара Волф, Изток Драбик Југ, Грегор Зорц, Лотос Шпаровец, Милена Васиќ, Јана Бјелица, Марија Пикиќ, Милан Зариќ, Стефан Старчевиќ и Милан Колак.

Иднина“ е најавена како претстава која ја отсликува сложената мрежа на меѓусебни влијанија на сѐ и сите околу нас.