„На руски начин“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија (20 часот), со еден од најдобрите пијанисти на денешниnата, Борис Березовски (1969) од Русија.
Березовски ќе го изведе најпопуларниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 од Сергеј Рахмањинов, познат и како „Рах3“.

Диригент е Емил Табаков од Бугарија, а оркестарот ќе ги изведе и увертирата-фантазија „Ромео и Јулија“ од Петар Илич Чајковски и свитата „Вљубен во три портокали“ од Сергеј Прокофјев.

„Рускиот виртуоз Березовски ужива голема репутација во Европа и во светот. Музичката критика е едногласна во мислењето дека тој во моментов е еден од најмоќните пијанисти, кој поседува уникатни техника и сензитивност и има специфичен пристап кон пијаното и, воопшто, кон музиката што ја изведува“, најавуваат од Филхармонијата.