РУСКИОТ ВИРТУОЗ БЕРЕЗОВСКИ СО ДВА КОНЦЕРТА ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Рускиот виртуоз на пијано и еден од најбараните солисти на денешнината, Борис Березовски, денеска и утре ќе има концерти во Филхармонија. Вечерва од 20 часот, во Камерната сала ќе има рецитал со дела од Шуман, Балакирјев и Григ, а со него ќе настапат и македонските музичари Анна Кондратенко – виолина, Владимир Костов – виолина, Бојан Талески –виола и Александар Котевски – виолончело.

Утре од 20 часот, Березовски ќе биде солист на симфонискиот концерт под наслов „Кодот на Березовски“. Ќе изведе два концерта за пијано и оркестар едноподруго, кога самиот ќе биде и диригент: Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Сергеј Прокофјев и Концерт за пијано и оркестар бр. 2 од Дмитриј Шостакович. Утре ќе биде изведена и Симфонија бр. 2 од Александар Бородин, под диригентство на младиот Виктор Митревски, кој години наназад кариерата ја гради на европските сцени.