ФЛАМИНГА ОД МИНХЕН ЌЕ СТИГНАТ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фламинга од Зоолошката градина во Минхен ќе стигнат во скопската градина. Ова било договорено на средбата на директорите на двете зоолошки градини, Ѓорѓи Галетановски и Расен Бабан.

„Директорот Бабaн ни вети дека во иднина ќе имаме силна соработка и нивна поддршка за наше членство во ЕАЗА. Исто така, на состанокот беше договорено минхенската зоолошка градина да ни обезбеди едно семејство од прекрасните фламинга“, вели директорот на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски.

Пред два месеци, директорот Галетановски договори фламинга да бидат донирани и од Зоолошката градина во Келн, додека од чешкиот град Либерец, во Скопје на пролет треба да стигнат зебри.

За изградба на живеалиштата за зебрите и за фламингата, Град Скопје зеде кредит од Светска банка во висина од 10 милиони денари.

А. АНТЕВСКА