Групата „Фолтин“ го разигра министерот за надворешни работи Никола Димитров на роденденската прослава на МНР.
Во Музејот на современа уметност, вечерва Министерството, во присуство на дипломатскиот кор, поранешни амбасадори, вработени во МНР и други гости, го прослави 49. роденден.
Гостите ги забавуваше групата „Фолтин“, на чии песни, заедно со гостите, заигра и министерот Димитров.
„На 29 април 1969 година било формирано Бирото за односи со странство, кое со текот на годините стана денешното Министестерство за надворешни работи. Иако релативно кус, нашиот историјат е, сепак, многу значаен. Пред точно една година, нашата демократија беше пред бездна, оставена во незавидна позиција. За помалку од една година успеавме да го вратиме меѓународниот имиџ на земјата. Македонија ја претворивме во земја која асоцира надеж и можности, која го привлекува вниманието со добри вести“, рече Димитров во своето обраќање пред гостите.
А. АНТЕВСКА