Во Музејот на Северна Македонија вечерва во 20 часот ќе се отвори изложбата „Преобоени фотографии“. Ќе се изложат десет слики на кои е прикажан секојдневниот селски живот во Македонија во минатиот век, изработени во комбинација од акрил, сув пастел, маркери и туш.
„Целта на оваа серија слики е да се даде нова димензија на старите црно-бели фотографии кои се наоѓаат во колекцијата на нашиот Музеј, но и да ги потсети посетителите на длабокото народно богатство на селскиот живот во Македонија, кое е зачувано преку фотографиите на Благоја Дрнков“, велат од Музејот.
Автор на изложбата е етнологот Владимир Благојевиќ.