На 19 јуни во Европска куќа во Скопје ќе има интерактивна средба со еден од најзначајните современи француски писатели и лауреат на Гонкуровата награда, Матијас Енар. Настанот го организираат Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Антолог“ во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт.
Романот „Бусола“, за кој Енар ја доби најпрестижната француска книжевна награда во 2015, е објавен од „Антолог“ во превод на Владо Ефтимов.
(Фото: АФП)