ФРАНЦУСКИОТ УМЕТНИК АНТЕЗ НАСТАПУВА ВО ВЕЛЕС НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЏЕЗ, ВОРЛД И СОВРЕМЕНА МУЗИКА

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (19 октомври) од 20 часот, во Ликовниот салон во Велес настап ќе има францускиот уметник Антез, перкусионист и скулптор. Концертот е дел од третото издание на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика. Антез, според организаторите, го истражува звукот, произведувајќи го од различни предмети.

Антез настапува на уреди, тој ги нарекува инструменти. Неговиот настап е перформанс со производство на звук. Тој е специфичен автор кој не дозволува фотографирање, ЛЦД екрани и снимање видеа“, кажа Славче Коцев од „Арт генератор“, здружение кое го организира Фестивалот на џез, современа и ворлд музика во Велес, кој се одржува по третпат.

Антез утре ќе одржи работилница во истиот простор.

П. ПЕЧКОВ