Македонската фудбалска репрезентација се врати дома по синоќешната сензационална победа над европскиот првак Италија од 1:0 во Палермо, што ја доведе на чекор до историскиот пласман на Светското првенство во Катар.
Поради строгите ковид протоколи на УЕФА, само дел од репрезентацијата дојде на скопскиот плоштад за да ги поздрави собраните навивачи на дочекот. На присутните навивачи им се заблагодари капитенот Стефан Ристовски.
„Ви благодариме за поддршката. Не можевме сите да дојдеме, меѓутоа, еве, дојдовме да ве испочитуваме. Имаме уште еден натпревар, верувам дека ќе го дадеме максимумот како вчера. Благодарам уште еднаш“.
Македонија во вторник игра со Португалија на нејзин терен и победникот оди во Катар.