ВЕЧЕРВА ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ „ЕДИНСТВЕН МАТИЧЕН БРОЈ“ НА ЛИДИЈА ДИМКОВСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Новиот роман на Лидија Димковска, „Единствен матичен број“, во издание на  „Три“, ќе биде промовиран вечерав во 19:30 часот во кафе-барот „Филхармонија“ во Скопје. Промотори на четвртиот роман на Димковска ќе бидат Виолета Танчева-Златева и Гоце Смилевски.

Димковска двапати ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, а добитничка е и на германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“ и на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.