ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ БОКА ГИ РАСПУШТА СВОИТЕ ЧИРЛИДЕРКИ, НЕ САКАЈЌИ ДА ГИ СМЕТААТ ЗА СЕКСУАЛНИ ОБЈЕКТИ

Буенос Аирес, (Еспорте)

Прославениот аргентински фудбалски клуб Бока донесе одлука која нема да им се допадне на неговите навивачи.

Клубот од Буенос Аирес реши да го распушти својот тим на секси чирлидерки, популарните Лас Бокитас, кои беа вистинска атракција на секој натпревар на легендарниот стадион „Бомбонера“.

Бока џуниорс на овој начин ја поддржа кампањата за рамноправност на половите и го осуди насилството врз жените, па веќе не сака на неговите чирлидерки да се гледа како на сексуални објекти.

Лас Бокитас беа вистинска атракција на секој натпревар на легендарниот стадион „Бомбонера“ (Фото: Еспорте)

Оваа одлука на управата засега се однесува само на фудбалскиот тим, а на натпреварите во кошарка и во мал фудбал тие ќе настапуваат до февруари, до кога им трае договорот. Клубот потоа планира целосно да ги тргне од спортските терени.

„Штета што оваа приказна завршува тука, но нема да останеме во ниту еден спорт“, изјави главниот кореограф на тимот, Росио Мартин.

Лас Бокитас важат за многу популарна група во Аргентина и секоја година на конкурсот се пријавуваа стотици девојки.