Албино пингвин првпат се појави пред посетителите во зоолошката градина во Гдањск и оттаму велат дека ова е единствената птица од ваков вид во заробеништво. Тримесечното пингвинче сѐ уште нема име, бидејќи вработените засега не знаат дали е машко или женско.
„Срамежливо е и малку исплашено. Не сакавме да му приредуваме дополнителен стрес со лекарски прегледи“, вели директорката Емилија Салач.
Вработените го одделиле од останатите птици, бидејќи стравуваат дека тие би можеле да го отфрлат поради неговата појава.
„Секоја невообичаена појава во јатото е поизложена на штета или одбивање. Веќе можеме да забележиме дека не е прифатен од нашето мало семејство на пингвини. Моментално живее со неговите родители и со уште два од најпопуларните пингвини во зоолошката“, вели Салач.