НОВИНАРКАТА БОГОЕВА ЈА ПРОМОВИРА КНИГАТА ИНТЕРВЈУА „РАЗГОВОРИ ЗА НАС“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Книгата на новинарката Катерина Богоева, „Разговори за нас“, ќе биде промовирана вечерва во 20 часот во Младински културен центар (МКЦ).

Книгата во издание на „Блесок“ содржи избор од триесет интервјуа, објавени од 2000 до 2017 година во „Глобус“, „Премин“ и „Утрински весник“. Книгата ќе ја промовираат Бојан Иванов и Емилија Петреска-Камењарова.

Богоева (1965) е авторка на монографијата „Современи македонски уметници “, како и коавтор на монографијата „Триесет години Факултет за ликовни уметности“ и на публикациите „Крушево – хабитат за човекот“, „Мечката во народното творештво“ и „Голем град“.