Германски научници тврдат дека создале тутун кој речиси да нема никотин, достигнување кое би можело да придонесе да се произведе цигара кoја e далеку помалку штетна.
Според Технолошкиот универзитет во Дортмунд, научниците успеале да создадат генетски модифициран вид на тутунот Virginia smoking tobacco и значително да ја намалат концентрацијата на никотинот.
Здравствените власти и организации ја повикаа владата да работи на истражувања за намалувањето на количеството никотин во цигарите, покрај останатите 4.800 хемикалии што ги содржат, од кои речиси 70 се најверојатно канцерогени.
„Наместо 16 милиграми, секој грам од нашиот тутун содржи 0,04 милиграми никотин. На светско ниво, никој досега не успеал толку многу да го намали количеството на никотин“, изјави шефот на истражувањето Феликс Штел.