Францускиот метал бенд „Гоџира“ е изненадувачкиот додаток на вечерашната церемонија на отворањето на Олимписките игри во Париз, што првпат нема да се одржи на стадион, туку на реката Сена.
По неколкудневните шпекулации, француските медиуми потврдија дека на отворањето ќе пеат Селин Дион, Леди Гага и Аја Накамура, додека „Гоџира“ ќе ја придружува швајцарската оперска пејачка Марина Виоти. „Гоџира“ со тоа ќе стане првиот метал бенд кој настапил на отворањето на ОИ.
Иако им се добро познати на фановите на металот, ова ќе биде голема промоција на „Гоџира“ пред светската јавност. Основан во 2001, бендот досега има објавено седум фалени албуми.
Меѓу рок музичарите кои во минатото имаат настапено на отворањето на ОИ се „Кис“, Џими Пејџ, „Квин“, „Мјуз“, „Ху“, Пол Макартни и Аланис Морисет.