ХЕЛИКОПТЕРОТ НА НАСА ГО ИМАШЕ ПРВИОТ ПОДОЛГ ЛЕТ НА МАРС, ВО ВОЗДУХ СЕ ЗАДРЖА 80 СЕКУНДИ

Кејп Канаверал, (Би-Би-Си)

Малиот хеликоптер на НАСА изведе уште два, поамбициозни лета на Марс.

Третиот лет го имаше вчера, кога се крена пет метри над површината на Марс, по што прелета дистанца од 50 метри. „Инџинуити“ се врати на местото на полетувањето, останувајќи во воздух вкупно 80 секунди.

Вчерашниот лет беше најсложениот досега и инженерите на НАСА велат дека планираат да ја испитаат технологијата до крајни граници, макар го уништиле хеликоптерот во тој процес. Претходните два лета беа изведени во понеделникот и четвртокот.

„Инџинуити“ беше донесен на Марс со роверот „Персеверанс“, кој се спушти во кратерот Језеро во средина на февруари. Леталото од 1,8 килограми треба да ги испита можностите за летање во разретчената атмосфера на Марс, што треба да помогне при идни мисии.

НАСА планира да изведе уште два лета, пред „Персеверанс“ да продолжи со својата примарна мисија, потрага по древни траги на живот на Марс.