ХРИСТИНА ТАРАБУНОВА ЈА ОТВОРА ИЗЛОЖБАТА „САМО (ДО) ВЕРБАТА“ ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Денеска (14 октомври) во 20 часот, во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје ќе биде отворена изложбата „Само (до) вербата“ на Христина Тарабунова. Ќе бидат претставени 12 нови и симболички дела, каде што извор на инспирација е главното и генерално верување во себеси и своите способности.

„Делата се претставени во релјефен стил во акрил техника на големи платна и носат длабока носталгичност, а истовремено зборуваат со самодоверба“, вели Тарабунова, која е лиценциран туристички водич.

Изложбата ќе биде отворена до 18 октомври.