ХРВАТСКИОТ „КАЈ СААТЧИЈАТА“  ПОБЕДИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТРИП САЛОН ВО ВЕЛЕС

Велес, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

Стрипот  „Кај саатчијата“ на цртачот Фран Струкан и сценаристот Дарко Мацан  од Хрватска е победникот на 15. Меѓународен стрип салон Велес 2017, што почна синоќа со врачување на наградите. На годинашниот конкурс стигнале 191 стрип од исто толку  автори од цел свет меѓу кои и Бразил, Аргентина, Мексико.

Организаторот Стрип центар на Македонија смета дека е  голем успех 60 се дела на македонски автори.

„Радува што масовно учествуваат на овој конкурс ликовните секции од школите во земјава, со нивни стрип изработки. Темите им се социјални  – екологија,  дружење, но добро е  што ги има во голем број“, рече Ване Трајков, претседател на   Стрип центар на Македонија.

Признанието „Љупчо Филипов“ за развој и афирмација на македонскиот стрип  го доби штипјанецот Александар Стеванов. Стрип салонот трае три дена,  кога гостите од Белград, Зоран Стефановиќ и Владомир Весовиќ ќе одржат стрип работилници.

П. ПЕЧКОВ

 

ЛЕГЕНДА: