ИТАЛИЈАНСКО СПИСАНИЕ ОБЈАВИ ПЕСНИ ОД АЦО ШОПОВ ЗА НЕГОВИОТ 98. РОДЕНДЕН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Престижното римско списание „Нуови аргоменти“ објави избор од песни од еден од основоположниците на современата македонска поезија, Ацо Шопов, во чест на 98-годишнината од неговото раѓање (20 декември 1923 — Скопје, 20 април 1982). Песните се објавени во рубриката „Поетска работилница“.

Во препев на италијанската поетеса Мија Леконт и италијанистката Анастасија Ѓурчинова, изборот ги содржи песните „Грозомор“, „Има долу една крв“, „Песна“, „Обична улица“, „Молитва за еден обичен, но уште непронајден збор“, „Шеста молитва на моето тело“ и „Деветта молитва на моето тело“, како и поемата „Долго доаѓање на огнот“.

Списанието „Нуови аргоменти“ е основано во 1953 од Алберто Моравија. Во 1956 му се приклучил Пјер Паоло Пазолини, кој бил уредник од 1966 до 1975.