ИЗЛОЖБАТА „СЕТА ЉУБОВ“ ВО МСУ ЌЕ ОБЕДИНИ ИНСТАЛАЦИИ И ВИДЕА ОД 11 УМЕТНИЦИ ОД ЦЕЛ СВЕТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска во 16 часот, во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје ќе се отвори изложбата „Сета љубов“, а кураторки на поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова.

Музејот е отворен за посетители од 10 часот секој ден, освен понеделник, но поради специфичноста на изложените дела, кураторките сугерираат дека е најдобро поставката да се погледне меѓу 16 и 20 часот (освен недела, кога музејот работи до 13 часот).

Со уметнички инсталации и видеа ќе се претстават 11 уметници од земјава и светот, кои денес изложуваат во сите водечки уметнички центри, како Тејт, Бобур, Гугенхајм и Мома Њујорк. На изложбата учествуваат Кети Чукров (Русија), Хедер Дјуи Хагборг (САД), Коко Фуско (Куба), Карлос Мота (Колумбија), Ширин Нешат (Иран), Агњешка Полска (Полска), Рена Редл и Владан Јеремиќ (Србија), Нора Турато (Хрватска), како и македонските уметници Велимир Жерновски и Никола Узуновски.

Изложбата „Сета љубов“ ги анализира состојбите на единство и солидарност во локалниот и глобалниот капиталистички контекст.