ДЕЛОВИ НА ЧИЛЕ И АРГЕНТИНА СВЕДОЧЕА НА ЕДИНСТВЕНОТО ЦЕЛОСНО ПОМРАЧУВАЊЕ НА СОНЦЕТО ВО 2020

Сантјаго, (АП)

Илјадници луѓе се собраа вчера во чилеанскиот регион Ла Арауканија за да сведочат на единственото целосно помрачување на Сонцето во 2020 година, но глетката малку беше попречена од облаците. Небото беше чисто во северна Патагонија во Аргентина и тоа беа единствените две држави кои се најдоа на патот на целосното помрачување и од каде што можеше да се види прстен од светлина.

(Фото: Гети)

„Вредеше да се дојде за овие две минути“, изјави Диего Фуентес, кој со семејството патувал 700 километри од главниот град Сантјаго за да ужива во реткиот настан.

Целосното помрачување траеше само две минути и десет секунди. Тоа се случува кога Месечината целосно го блокира Сонцето и фрла сенка врз Земјата, создавајќи привремена темница среде ден.

(Фото: АП)

Следниот ваков настан ќе се случи на 4 декември 2021.