ИЗЛОЖБИ ВО СУЛИ АН И ДВОРОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА УМЕТНОСТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Europe House Скопје го одбележува Светскиот ден на уметноста заедно со студентите од Факултетот за ликовни уметности и Факултетот за драмски уметности со целодневен настан во Сули ан. Таму ќе бидат изложени 40 дела на студентите од ФЛУ, а ќе има и проекции на студентски филмови од ФДУ, перформанси, разговори за уметноста и културата и музика.

Настанот се отвора во 14 часот.

Светскиот ден на уметноста се слави на 15 април под покровителство на УНЕСКО, со цел да ги промовира развојот, разноликоста, распространетоста и уживањето во уметноста.

По ист повод, изложба ќе има и во дворот на Министерството за култура. Изложбата „Поместени граници“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, која се отвора во 13:30 часот, се организира по шести пат, при што ќе се претстават осуммина домашни автори.