Утре (28 ноември) во 19 часот во фоајето на Кинотеката ќе се отвори изложбата „Природно“ (Effortless) на уметницата Јана Луловска. Изложбата содржи дигитални слики кои постојат во еден простор во кој што флуидноста и течението не се само естетски квалитети, туку се најважни за самата природа на уметничкото дело.
„Луловска користи дигитални алатки за да ги надмине традиционалните ограничувања, создавајќи притоа еден флуиден, неограничен визуелен простор каде што уметноста не е прицврстена во рамките на својот медиум. Во светот со брзо темпо, нејзините дела го повикуваат гледачот да ја доживее флуидноста на самиот дигитален медиум, нудејќи еден миг на спокојство, рефлексија и размислување“, вели кураторот Лазе Трипков.