КАЛИФОРНИЈА ГО ЗАБРАНИ ПРИСТАПОТ ДО НАЈВИСОКОТО ДРВО НА СВЕТОТ И ВОВЕДЕ ВИСОКИ КАЗНИ

Калифорнија, (АП)

Властите на националниот парк Редвуд во Калифорнија и официјално ги забранија посетите на највисокото дрво на светот, а оние кои нема да го почитуваат тоа ќе се соочат со парична, а можеби и со затворска казна. Тие донесоа ваква одлука со цел да се спречат натамошни штети во околината предизвикани од многубројните посетители, кои сега се соочуваат со казна од 5.000 долари или со затвор од шест месеци.

Висока 115 метри, секвојата Хиперион се наоѓа во зафрлен дел од паркот и до неа не постои означена патека.

Според менаџерот на паркот, Лионел Аргело, огромната секвоја била откриена од двајца научници-аматери во 2006. Откако нејзината точна локација била споделена на интернет во 2010, посетителите сами почнале да го пробиваат патот до дрвото, кое е старо меѓу 600 и 800 години. Во 2019, Гинисова книга на рекорди го прогласи Хиперион за највисоко дрво на светот.

Со тек на време, во областа се зголеми бројот на патеките, но и количеството ѓубре. Таму нема сигнал за мобилен и ако некој се повреди, на спасувачите ќе им треба време да дојдат. Исто така, дрвото и не е некоја глетка, зашто оддолу се гледаат само гранки“, вели Аргело.