КАНАБИДИОЛ НЕ Е НАРКОТИЧКА ДРОГА, ПРЕСУДИ НАЈВИСОКИОТ СУД ВО ЕВРОПСКА УНИЈА

Париз, (Гардијан)

Канабидиол (ЦБД), соединение добиено од канабис, не е наркотичка дрога бидејќи нема никакво психотропно дејство, ниту штетни ефекти по човечкото здравје, заклучи највисокиот суд во Европска Унија.

Одлуката на Судот на правдата ќе им зададе сериозен удар на напорите на неколку европски земји да ја ограничат продажбата на ЦБД. Голем број вакви производи моментално полузаконски се продаваат во ЕУ.

Судската одлука беше донесена во врска со истрагата против француската компанија „Канавејп“, која извезува масло од ЦБД добиено од целото растение на конопот. Според француските закони, единствено влакната и семките од коноп смеат да имаат комерцијална употреба, не и цветовите.

Во класификацијата на илегалните дроги на Обединети нации конкретно не се споменува ЦБД, но се споменуваат екстракти на канабис.